Средношколците од СОУ „М.М. Брицо“ од Делчево остварија триумфален успех на „АСТИБО Фест”, освојувајќи го првото место во својата категорија!
Под диригентството на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска, средношколскиот хор ги воодушеви и публиката и жири-комисијата. Аранжманите, создадени со многу посветена работа, труд и бројни часови вежбање, го издигнаа нивниот настап на едно посебно ниво, со неверојатна музичка изведба која допре до срцата на сите присутни.
Публиката беше воодушевена, аплаудирајќи неуморно, дури и за време на песните. Овациите и честитките доаѓаа од сите страни – од организаторите, од другите учесници, а особено од публиката која беше сведок на извонредниот успех на младите таленти.
Иако Делчево е мал град, нашите средношколци доминираа на сцената и го претставија со гордост!
Честитки до сите ученици за нивниот фантастичен настап и благодарност до проф. м-р Елена Ѓеоргиевска за нејзината посветеност!