Се одржа семинар на тема „Претприемништво и високи технологии“ во Делчево

На 16.11.2018 година во Делчево се одржа семинар на тема „Претприемништво и високи технологии“  . На  семинарот зедоа учество околу 220 ученици од градовите :  Делчево, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица  и Струмица.  Семинарот се изведе во организација на фондацијата „Бугарска памет“ од Р.Бугарија и тоа е една од повеќето активности на фондацијата  од  меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Целта на семинарот е  учениците да се здобијат со поголеми познавања за иновациите од светот на технологијата како што се: вештачка интелегенција, роботика, виртуелна реалност, 3Д принтери,  криптовалути. Стекнувањето со дигиталните знаења е многу значајно за учениците затоа што тие треба правилно да  ја изберат својата идна професија и да се подготват за технолошката иднина што ги очекува, за да бидат конкурентни на европскоит пазар на труд.

Предавачи на семинарот беа врвни иноватори, дигитални специјалисти, творци и лидери во сверата на роботиката.

Семинарот го отвори виртуелниот водич Наум. Потоа збор зедоа  градоначалникот на Делчево – Горан Трајковски и претставникот од фондацијата Живко Костуров.

 

Прв предавач беше Борис Христов кој ги запозна присутните со тајните  на изработка на квалитетна презентација. Потоа продолжи финансовиот експерт Бисер Манолов   кој зборуваше за блокчејн технологијата  и иднината на криптовалутите. По паузата за ручек продолжи Бојан Станков  на тема „Роботика за подобра иднина“.  Потоа беше спроведена интерактивна работилница склопување на робот модели со непосредно учество на учениците учесници на семинарот и турнир во борба на роботи.

 

На крајот  на турнирот беа  прогласени победниците  и поделени медалите за 1, 2 и 3 место.

 

На семинарот беше презентирана и работата на 3Д принтерите, ласерска тастатура и виртуела реалност.

Пораката од семинарот е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината, затоа е потребно надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *