Гимназијата „ Методи Митевски – Брицо“ Делчево, оваа година учествуваше на регионалниот проект Супер училишта, организиран од Регионалната канцеларија за соработка со младите (RYCO) и Германската организација за меѓународна соработка (GIZ), а кофинансиран од Европска Унија и сојузно министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).
Цел на оваа програма е да го поддржи процесот на помирување и градење на мирот, како и процесот на интеркултурниот дијалог помеѓу училиштата и учениците преку младинска размена.
Во рамки на овој проект, 10 ученици и 2 професори од училиштето ќе отидат на размена на ученици со Техничка Школа Пирот во Србија. Првата посета се планира во месец април, кога нашето училиште ќе биде домаќин на учениците и нивните наставници. Втората посета ќе се реализира во Пирот.
Наставниците кои се координатори од училиштата поминаа две обуки. Првата беше онлајн а другата со физичко присуство, во Приштина од 18ти до 21ви февруари. На обуките присуствуваше проф. Желеанка Демирова која е и координатор на проектот од СОУ Методи Митевски – Брицо, заедно со проф. Билјана Ивановска. Целта на обуките е зајакнување на капацитетите и вмрежување. Учениците ќе се подготвуваат за соработката преку работилници со координаторите.