10 ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

„Не мора секогаш да бидеме силни. Понекогаш, вистинската сила е да признаеме како се чувствуваме и да побараме поддршка.“ 💚Менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото здравје. Грижата за себе започнува со тоа да ги препознаеме сопствените чувства, да научиме како да се справуваме со стресот и да не се плашиме да побараме помош кога ни е потребна.По повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје, СОУ „М.М. Брицо“ – Делчево, преку соработка со Младинскиот центар Делчево и дипломираниот психолог Латинка Мановска Новоселска, на 9 октомври 2026 година реализираше работилница на тема „Грижа за себе и за другите“. 🌱🎯 Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај младите за важноста на грижата за менталното здравје, самоспознавањето, препознавањето на личните стресори и развивањето стратегии за справување со стресот.Преку ваквите активности се поттикнуваат емпатијата, меѓусебното разбирање и врсничката поддршка, создавајќи училишна средина во која секој ученик ќе се чувствува прифатен, разбран и поддржан. 🤝💚 Во нашето училиште веруваме дека образованието не значи само стекнување знаења, туку и развивање здрави навики, емоционална зрелост и грижа за себе и за другите.🌿 Да бидеме поддршка едни на други, да разговараме отворено и да потсетуваме дека никој не мора да се справува со своите предизвици сам.