Втората училишна размена помеѓу СОУ „Методи Митевски – Брицо “Делчево и Средња Стручна Школа, Пирот од програмата на долгорочни партнерства е успешно завршена. Проектниот тим составен од 14 ученици од прва и втора година заедно со координативниот тим престојуваа во Пирот од 2-ри до 8-ми Март, 2025г. Програмскиот дел што беше опфатен на втората размена е продолжение на првиот дел кој се реализираше во нашето училиште. Учениците беа изложени на учење на самото место со внимателно одбрани институции и организации кои беа во контекст на проектираните содржини: надминување на стереотипи и предрасуди; развивање на емпатија и толеранција, техники за преговарање и мирно решавање на конфликтни ситуации; вештини за комуникација и резултати од нивна примена во најразлични автентични ситуации. Работилница за активно барање на работа, професионален и личен развој, беше обезбедена од страна на компанија за Кариерно Советување. Позитивни приказни и мотивација за успех во форма на информативна сесија и работилница се реализираше од заменикот менаџер на најголемата фабрика во Пирот, Тигар. Учесниците имаа во Средња Стручна Школа како и кај нас, врсничка обука од страна на Алумни како и многу работилници реализирани од експерти. Учениците учествуваа на хуманите активности со продажба на рачни изработки кои беа експонирани на Бел Плоштад. Исто така, од спортските активности, Спорт за Разбој, беа реализирани планинарење во стрмни патеки во близината на тврдината Кале. Од културните обележја на Пирот издвоени за посета беа Музејот Понишљава и фабриката за традиционална рачна изработка на ќилим. Од додадената вредност на проектот се продолжи со директно учество во активности и посети на клучни институции како Архив на Пирот, Градска Библиотека, МНРЛ, во функција на нивно вмрежување со нашите. Ова е трет циклус на проектот Суперучилиште со истите проект-партнери и како таков е единствен во регионот на Западен Балкан, покренат од Регионалната Канцеларија за Соработка на Млади, финансиран од ЕУ, давател на услуги за одржлив развој и меѓународна соработка во образование GIZ и е поддржан од Министерството за Образование и Наука.Учесници во проектот од прва година: Ивана Пејчиновска, Филип Пејчиновски, Лара Гоцевски, Матеј Вучевски, Марко Тодоровски, Лука Момчилов; од втора година: Андреј Маноиловки, Стефанија Тодоровска, Адис Хајдер, Јована Димитровска, Едиса Багашова, Моника Поповска, Синиша Гоцевски и Силвија Георгиевска. Во продолжение следуваат активности за споделување на искуствата и избор на ученик за учество на летен камп.Локални координатори на проектот Don’t Give Up, Gift Up: проф. Желеанка Демирова и директор Дијана Цонева.#WesternBalkans,#Superschools, #RYCO, #GIZ#EU




