ЗАЕДНО ГРАДИМЕ УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО!

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“, Коалицијата на младински организации „СЕГА“, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и „SmartUp“, нашето училиште активно продолжува со реализација на активности насочени кон создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

✨ Во учебната 2026/2027 година, на 9 ноември 2026 година, нашите врснички едукатори успешно реализираа две едукативни работилници, на кои учествуваа вкупно 50 ученици.

Преку интерактивни активности, дискусии и заедничко учење, учениците имаа можност да се запознаат со: 🔹 Препознавање на различните форми на насилство; 🔹 Начини за спречување и превенција на насилството; 🔹 Правилно постапување и пријавување на насилство; 🔹 Последиците од изложеноста на насилство.

Посебно сме горди на нашите 14 врснички едукатори – осум новообучени и шест едукатори со претходно искуство, кои со својата посветеност и ангажман придонесуваат за ширење на свеста и градење култура на ненасилство меѓу учениците.

Поддршка во реализацијата дадоа и стручните соработници на училиштето, социологот Наташа Јаневска Колевска и педагогот Дијана Цонева.

💙 Веруваме дека секој ученик заслужува да учи, расте и се развива во средина исполнета со почит, разбирање, прифаќање и сигурност.