На 29 Септември во Делчево се оддржа традиционалната манифестација ,,Пијанечки денови на сливата 2023,, во организација на Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ . На оваа манифестација слави пијанечкиот бренд – сливата.
Учество со свој штанд зедоа и учениците од стручните паралеки од СОУ,, Методи Митевски Брицо,, од Делчево под менторство на нивните професори. Учениците од текстилната струка изработуваа украси од платно и конец со мотив на сливи, прекривки за маса и слични производи од текстил кои се во доменот на нивната струка. Учениците од прехранбениот смер беа задолжени за подготовка на прехранбените производи од слива по традиционален рецепт. На денот на манифестацијата сите заедно беа ангажирани во подготовка на штандот. Учениците во текот на манифестацијата подготвуваа и мармалад од сливи. Како поддршка беа и ученици од гимназиското образование кои изработуваа цртежи на тема,, Пијанечка слива,,.
Штандот беше вистински рај за очи, и со декорациите и со подготвените слатки производи. Манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер. Комисијата одлучи штандот на нашето училиште да ја добие наградата за ,,Најсладок мармалад,, во вредност од 3000 денари.
Голема благодарност до сите кои се вклучија во подготвките на настанот и во посветеноста да биде претставено училиштето во најубаво светло. Честитки до учениците за освоената награда, и им посакуваме уште многу награди во иднина.