УЧЕНИЧКИ СОВЕТ НА СОУ М.М-БРИЦО

Ученички совет   е највисока форма на организирање и дејствување на учениците во училиштето. Тој претставува значаен сегмент во организацијата на животот и работата во училиштето.
Советот на ученици овозможува учениците да бидат активно вклучени во училишниот живот, да го искажат своето мислење и самостојно да ги решаваат проблемите поврзани со нивниот живот и работа во училиштето.
Неговата  работа ја помагаат раководителите на паралелката , одговорните наставници и педагошко-психолошката служба.

Задачи на Ученичкиот совет   се да придонесат за:
• поголемо ангажирање на учениците во училишниот живот;
• подобрување на нивниот успех, поведение и редовност во наставата;
• создавање подобра работна клима;
• развивање на другарството и моралното однесување;
• одржување на редот и дисциплината;
• организирање помош на ученици кои заостануваат во учењето;
• организирање на материјална помош на ученици;
• да стекнат увид во работата на возрасните и да научат да сносат одговорност за она што го работат.

За вршење на одделени задачи, раководството на советот по потреба ќе задолжува свои претставници, како на пр. претставник што ќе учествува во работата на Советот на паралелката, Наставничкиот совет, за соработка со Советот на родителите, младите од локалната средина и сл.
Активностите на Ученички совет  можат да се следат и на ИНСТАГРАМ

  Ученички совет (@usmmbrico) • Instagram photos and videos

https://mmbrico.edu.mk/wp-content/uploads/2026/10/записник-за-избор-на-облици-на-ученичко-организирање.pdf