ТРАДИЦИЈАТА ЖИВЕЕ КОГА МЛАДИТЕ ЈА ЧУВААТ!

На 17 октомври во СОУ „М.М. Брицо“ – Делчево се одржа културен настан по повод Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО, во организација на ЗФГ „Копачка“ од с. Драмче и нашето училиште.Преку презентација, изведба на орото „Копачката“ и работилници посветени на етно-кујната, предењето, ткаењето, плетењето чорапи и чипка, изработката на монистра и традиционалните алатки, нашите ученици имаа можност да се запознаат со дел од животот во минатото и со богатството на традициите што се пренесуваат од генерација на генерација. 🌿✨Овој настан уште еднаш покажа дека младите можат да бидат вистински чувари на нашето културно наследство – кога ќе им се даде можност да го запознаат, доживеат и почувствуваат.

🙏 Голема благодарност до градоначалникот на Општина Делчево, г. Иван Гоцевски, како и до сите учесници, носители на традицијата и гости кои придонесоа за успешната реализација на овој прекрасен настан.

Да ја чуваме традицијата, за да ја пренесеме на идните генерации!