ХУМАНОСТА ОБЕДИНУВА!

Хуманитарната акција за собирање прехранбени производи во СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево, реализирана во рамките на Недела на борба против гладта, помина со голем успех! 💙Благодарение на хуманоста, солидарноста и несебичноста на нашите ученици, родители и вработени, собравме донации со кои ќе им помогнеме на семејствата на кои им е најпотребна поддршка. 🥫🍚🙏 Голема благодарност до сите што се вклучија! Со заеднички сили покажавме дека и мал гест може да направи голема разлика.💛 Да споделиме хуманост – затоа што заедно можеме повеќе!