Успешно претставување на „Ноември – месец на науката“

Успехот и довербата се  заеднички, а радоста е посебна. Овој голем успех е доказ дека сме најдобри

На 30 ноември 2024 година се одржа „Ноември – месец на науката“ на  Природно-математичкиот факултет во Скопје. Главни организатори на оваа манифестација беа Сојузот на математичарите на Македонија (СММ).  Други учесници во организацијата: Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и  Македонското географско друштво (МГД).

На манифестацијата  учествуваа и ученици од СОУ,,Методи Митевски – Брицо” Делчево и го постигнаа следниот успех:

– Сара Ангелова ученик од III –година  – прва награда за демонстрација на експеримент, ментор проф: Ана Себрова Цветковска

– Ива Цонева и Лука Стоименовски од III-година – втора награда за демонстрација на експеримент ,ментор проф: Стојка Даневска

– Даме Ивановски  III-година – втора награда за демонстрација ,ментор проф: Роза Стаменковска.