Како дел од проектот ,, Безбедна училишна средина ,, на 15мај се одржа уште една од предвидените средби со родители .Зголемената активност и вклучување на родителите во превенција од насилство во училиштата претставува една од активностите во промовирање на сеопфатен пристап за градење на безбедна училишна средина. При спроведување на активноста фокусот беше насочен кон вклучување на родители вклучени во советодавните тела. На состанокот родителите активно дискутираа за превенцијата и спречување на насилството. Активностите на овие теми за разговор, презентација како и дискусија со родителите и групна работа им овозможи нивно вклучување и исполнување на нивната улога во соработката со училиштето. На средбата родителите ги споделија нивните искуства, размислувања, согледувања и ја идентификуваа нивната улога во спречување на насилството. Средбата беше водена од проф. Желеанка Демирова во соработка со стручната служба на училиштето, социолог Наташа Јаневска Колевска, педагог Емануела Манасиева Стојчевски и проф. Весна Димитровска.
Безбедна училишна средина
