Во петокот на пригодна свеченост пред почетокот на матурската вечер на генерацијата Матуранти родени 2006 година, нашето училиште ги прогласи најдобрите 10 матуранти, а епитетот Првенец на генерацијата и припадна на ученичката Ева Ивановска.
По традиција најдобрите 10 матуранти од Општина Делчево добиваат награднo патување низ Европа.
Честитки за најдобрите 10 матуранти:
- Ева Ивановска
 - Андреа Димитровска
 - Наталија Дамјанова
 - Ана Ангеловска
 - Стефанија Ќурчиска
 - Сара Петровска
 - Софија Ангелова
 - Лука Самарџиски
 - Марија Магдалена Стоименовски
 - Теона Златковска
 
