📚 На 10.03.2026 година во СОУ „Методи Митевски Брицо“ – Делчево успешно се реализираа нови активности во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, кој се спроведува со поддршка на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, во соработка со Коалиција СЕГА, SMART UP и Македонскиот центар за граѓанско образование, поддржан од Детската фондација ПЕСТАЛОЦИ.
Во рамки на активностите, 10 врснички едукатори реализираа две нови работилници на кои беа едуцирани повеќе од 50 ученици. Со тоа бројот на ученици кои поминаа низ овие едукации достигна над 250. Учениците преку презентации, дискусии и практични активности учеа како да го препознаат врсничкото насилство, кои се неговите ризици и како секој поединец може да придонесе за негово намалување и спречување.
Во завршната фаза од проектот беше организирана и работилница со родители кои имаа можност да се информираат за важноста на нивната вклученост во создавањето безбедна училишна средина и превенцијата од насилство. Преку дискусии и примери од секојдневието се потенцираше значењето на меѓусебната комуникација и соработка меѓу учениците, родителите и наставниците.
Родителите активно се вклучија во разговорите, споделија искуства и дадоа предлози како преку заедничка соработка со училиштето и институциите може да се придонесе за побезбедна и поддржувачка средина за учениците.
Активностите беа водени и успешно реализирани од проф. Желеанка Демирова во соработка со стручната служба на училиштето, социолог Наташа Јаневска Колевска.


















