Работилници на тема Дискриминација и стоп булинг

Учениците од нашето училиште, кои беа на интеркултурна размена во детско село Песталоци,Троген во Швајцарија, од 01-16 април оваа година, на 13 мај успешно спроведоа врсничка едукација на 60тина ученици од нашето училиште во две работилници на тема Дискриминација и стоп булинг.На последниот ден од престојот во Швајцарија , тие изработија акциски планови кои беа спроведени во нашето училиште со реализирање на бројни активности, презентации на овие теми, разни игри и активности .