На 27.2.2026 учениците од четврта година го посетија Саемот за образование и кариера 2026, кој се одржа во Skopje City Mall, во кино салата на Cineplexx, во организација на Студентарија.На овој голем и значаен настан, на кој присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, матурантите имаа можност да се запознаат со факултетите во нашата држава, начинот на студирање, можностите за стипендии, студентски стандард, како и со потребните вештини што ги бара пазарот на трудот денес. Тие присуствуваа и на панел-дискусијата „Што после средно – како да не се изгубиш во изборот“, каде добија корисни насоки за правилен избор на студии и идната професија.Придружувани од кариерните советници Сања Димитровска и Весна Димитровска, нашите ученици активно се вклучија и покажаа интерес за својата академска и професионална иднина.Ваквите настани се значајна поддршка во процесот на кариерно насочување и донесување одлуки за понатамошното образование.
Саем за образование и кариера









