Нашето училиште повторно е дел од проектот Суперучилишта

СОУ Методи Митевски-Брицо заедно со Директорката Дијана Цонева, Координаторот Емануела Манасиева и Супершампионот Желеанка Демирова, на свечената церемонија што се одржа во Хотел Панорамика на 23ти Септември 2025 г., со дел од проектениот координативен тим, го потпиша договорот за имплементација Читај повеќе…

Еднодневна пролетна екскурзија

На 02 мај, учениците и професорите од нашето училиште ја реализираа предвидената еднодневна прошетка на место викано Манастирски ендек , Манастир Света Богородица Балаклија. Преку разни активности уживавме во убавиот сончев ден.

Регионален натпревар по Латински јазик

,,Carpe diem” – Зграпчи го денот! Денес, на регионалниот натпревар по Латински јазик, нашите ученици постигнаа одлични резултати. ПРВО место Лука Стоименовски III 1 клас Јована Димитровска II 3 клас ВТОРО место Анастасија Петровска II 3клас Сара Тодоровска III 1 Читај повеќе…

Второ место на државно ниво за ракометарките на СОУ„Методи Митевски-Брицо“-Делчево

На 25.4.2025 год. во Штип заврши државното првенство во ракомет жени за средни училишта. Второто место на ДРЖАВНО ниво во ракомет е освоено од нашите ученички!!! Честитки за нив и за менторот, проф. Ванчо Велковски. Се гордееме со вашите успеси

Државен натпревар по Географија

На државниот натпревар по Географија, одржан денес на Природно – математичкиот факултет во Скопје, нашите ученици постигнаа резултати со кои сите се гордееме. Од III година, ученичката Ива Цонева, го освои ВТОРОТО место. Со добри резултати се претставија и учениците: Читај повеќе…

Регионален натпревар по Физика

На регионалниот натпревар по Физика, учениците : Анастасија Ќурчиска Сара Ангелова и Ана Ристова, со солидни резултати успеаа да се пласираат на државен натпревар. Честитки до вредните ученички и нивниот ментор, проф. Роберт Цветковски. Среќа и успех им посакуваме на Читај повеќе…

Научна екскурзија во Италија

Во периодот од 06 до 11 април, учениците од трета година беа на шестдневна завршна научна екскурзија во Италија. Според програмата, во текот на овие шест дена тие уживаа во културно-историските знаменитости на Милано,Пиза,Фиренца ,Портофино,Рим и Венеција.

Регионален турнир во Ракомет

На ден 03.04.2025година во Велес се одигра регионалниот турнир во ракомет за женски (средни) . Во крајно неизвесен и доста интересен финален натпревар после пенал серијата,победник и пласман за учество на државните натпревари обезбеди екипата на СОУ “Методи Митевски – Читај повеќе…