Ученици од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево , насока Прехранбен техничар, учествуваа на Регионалниот натпревар во вештини за пекар и слаткар, кој се одржа во СОУ „Орде Чопела “ – Прилеп, во рамки на проектот „Иновативни млади пекари и слаткари – мајстори за специјална храна“.Нашите ученици ги покажаа своите знаења, креативност и практични вештини преку подготовка на пекарски производ – плетенка како и слаткарски производ – чизкејк со шумско овошје.
Им честитаме на учениците и менторот за вложениот труд и достојното претставување на нашето училиште







