Со особена чест и задоволство објавуваме дека нашите ученички Леонтина Вирчанска, Милена Ангелова , Ања Димитровска , Јована Димитровска и Анастасија Петровска учествуваа на меѓународното тестирање по класични јазици. Тестирањето беше во организација на Здружението на класични филолози,, Антика,, и Европската асоцијација Euroclassica.
Учениците постигнаа извонреден успех кој е резултат на нивното знаење, посветеност, истрајност и љубов кон науката.
Честитки за овој успех, посакуваме уште многу нови предизвици и достигнувања.

