Проектот Здрава храна под менторство на професор Лидија Таушански, професор по германски јазик заедно со учениците од 4 година што го изучуваат германскиот јазик, беше подготвуван околу 3 недели а во училиштето Методи Митевски Брицо беше презентиран на ден 14.12.2018година.
До идејата за овој проект дојдовме со цел да се промени начинот на исхрана на учениците и на професорите од нашето училиште. Од причина што брзата храна е се позастапена и поупотребувана од учениците, решивме да дадеме предлог како тоа да се промени и учениците да почнат да користат поздрави продукти не само од здравствени причини туку и за подобрување на нивната општа состојба.
Користевме 5 вида на овошје,како и сушено овошје, житарици со млеко и јогурт, јаткасти плодови, чај и кафе без шекер. За сето тое е направено истражување околу цената, и е направен проект со анализа на сите негови делови. Храната се продаваше по симболични цени на нашите ученици од 10, 20, 30 и 40денари. Со прометот од произвидите во целост е покриена сметката за набавка на продуктите.
Се надеваме дека во иднина овој проект ќе прерасне во пракса и овие продукти ќе ни бидат секојдневно достапни. Благодарност до сите што помогнаа за неговата реализација.
Лидија Таушански