Срдечно ДОБРЕДОЈДЕ за гостите од Љубљана

Вчера 06.04.2019  во планирана возвратна  посета пристигнаа гостите од гимназијата Полјане од Љубљана.  За гостите  нашето училиште подготви 5 дневна програма со разновидни активности со цел гостите да се запознаат со нашето училиште, со нашиот град  и со нашата држава. Покрај едукативни содржини планирани се и многу забавни моменти, дружења  и екскурзии. Им посакуваме пријатен престој  и многу убави моменти кои долго  ќе ги памтат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *