Учениците од III-2 клас во посета на метеоролошката станица во Виница

На 16.10.2018 година како дел од програмата на училиштето за учебната 2018-2019 година, се реализира  воннаставна активност на тема „Следење, мерење и прогноза на време“   со учениците од III-2 клас под менторство на наставникот по географија –Георгиевски Сребран.  Активностите беа реализирани во метеополошката станица во Виница.  Во исто време, со предходен договор, во метеоролошката станица пристигнаа   и ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани и сите активности ги следеа заедно.

  

Беа презентирани расположливите капацитети  на мерните инструменти, апарати и уреди кои се користат за мерење на климатско-метеоролошките појави за регионот на Кочанската котлина и пошироко. Презентацијата ја изврши  дипломиран метеоролог- вработен во метеоролошката станица. Учениците пројавија голем интерес кан презентацијата и зедоа активно учество со поставување на бројни прашања, за кои добија и стручни одговори од презентерот.

  

   

По завршената посета  двете групи ученици заедно со своите професори се упатија  во планирана и договорена посета на  СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.  Таму беа почестени со срдечно и топло добредојде од страна на директорот на училиштето Игор Христов – дипломиран правник и направија кратка прошетка низ училишните простории.

Потоа учениците и од двете училишта одржаа заеднички отворен час на кој дискутираа за реализираната посета на метеоролошката станица  и позитивните ефекти од заедното учество  на ученици од различни градови  на иста активност. Посетата беше заокружена и со заедничка прошетка низ градот Кочани по што учениците се вратија во Делчево.

One Reply to “Учениците од III-2 клас во посета на метеоролошката станица во Виница”

Leave a Reply