Четириесет ученици од Делчево на 02.02.2018 година се сретнаа со претседателот на македонското Собрание, Талал Џафери и остварија средба со пратеници од македонскиот парламент. Посетата е во рамките на наставните предмети за граѓанско образование и етика која има за цел запознавање на учениците со работата на македонското Собрание како највисоко законодавно тело во земјава, градење чувство на одговорност и сопствен придонес во општеството и сите негови вредности.
Професорката Весна Димитровска од СОУ „М. М.Брицо“ истакна дека во македонскиот Парламент биле пречекани од пратеничката од Делчево, Мира Стојчевска која ги запознала учениците со работата на пратениците, нивната улога и значење, начинот на донесување закони, соработката со претседателот на Собранието и сл. по што учениците остварија средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Групата ученици е составена од 20 ученици од делчевската гимназија, а по 10 ученици од двете основни училишта во Делчево, а посетата на учениците на македонското Собрание е организирана од СОУ „Методи Митевски Брицо”, а во соработка со основните училишта од општината.