Учениците од I-1 клас денеска (22.03.2019) демонстрираа високо развиена еко-свест. По сопствена иницијатива заедно со професорот по биологија Марина Синадиновски денес ја исчистија површината пред зградата – бродот на булевар Македонија, една од најзагадените јавни површини во градот, покрај која посојано минуваат. Со тоа тие се надеваат дека ќе се зголеми еколошката свесет и кај граѓаните и кај учениците за да Делчево биде почист град. Да се надеваме дека таквиот пример ќе го следат и други класови и групи на ученици и граѓани.