Spring West 2026

Успешен на Spring West 2026 на нашите ученици – Лука Стојменовски, Искра Георгиевска и Ива Цонева.

Во услови на огромна конкуренција од младинци од различни држави, тие покажаа знаење, дисциплина и високо ниво на подготвеност.

Лука Стојменовски го освои првото место, Искра Георгиевска се пласираше на петтото, а Ива Цонева на шестото место, со што сите тројца заслужено се вбројуваат меѓу најдобрите финалисти на натпреварот.

Како награда за постигнатиот успех, учениците се поканети да учествуваат на национален турнир, што претставува дополнително признание за нивниот труд и потенцијал.Настанот беше целосно финансиран од менторот и учениците, а логистичката поддршка ја обезбеди Амелиа Џемал, преку координација на активностите.

Менторот Желеанка Демирова изрази големо задоволство од претставувањето и постигнатите резултати, нагласувајќи дека овој успех е силна мотивација за нови предизвици и уште поголеми достигнувања.