Наградата посветена постхумно на Мето Јовановски- актер, доајен на македонското глумиште.
Ова се учениците кои го претставија училиштето, општината и државата на Меѓународниот фестивал за уметности во Банско, Р.Бугарија на 27 ноември и освоија ТРЕТО место.
Како што изјавија учениците, ова е нивно прво претставување на професионална театарска сцена. Сеуште се под импресии од тоа како се подготвувале подолг временски период и обземени од чувствата како е да се претстават пред жири комисија додека под нозете го чувствуваат крцкањето на вистинските театарски штици.
Оваа награда, прва од ваков вид, му ја посветуваат постхумно на Мето Јовановски, актер, доајен на македонското глумиште, кој е по потекло од нашиот крај и средното образование го завршува токму во нашата гимназија, Методи Митевски Брицо во Делчево.
,, Тој е дел од нас, дел од нашите и клупите на оваа гимназија”. Се соочил со многу предизвици на патот кон успехот но ја постигнал својата цел. Завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Упатуваме благодарност до организаторите на фестивалот ,, Утринска ѕвезда” и до сите кои го потпомогнаа нашето учество таму: PUB Делчево, Рома транс Делчево и анонимен граѓанин- поранешен ученик во нашата гимназија.
Во иднина најавуваме кастинг за нови членови кои идната година со театарски претстави ќе го претставуваат училиштето во земјава и странство.