По повод 150-годишнината од Разловечкото востание, во нашето училиште беше одржан историски час на кој учениците преку квиз, есеи и презентација ја претставија историската улога и значењето на Разловечкото востание пред присутните ученици, наставници и претставници од општината и основните училишта.
Со гордост ја негуваме историската меморија и ги одбележуваме настаните што оставиле траен белег во нашето минато.
Повеќе информации на следното видео

По истиот повод нашите ученици, заедно со професорката по ликовна уметност Лиле Георгиевска, учествуваа на ликовна колонија во село Разловци, организирана по повод одбележувањето на 150 години од Разловечко востание.
Со својата креативност и талент, учениците дадоа прекрасен придонес во зачувувањето на историското и културното наследство













