Конкурс за запишување ученици во СОУ„Методи Митевски – Брицо“- Делчево за учебната 2024/2025 година

Врз основа  на КОНКУРСОТ за запишување ученици во  јавните средни училишта во учебната 2024/2025година во Република Северна Македонија, Училишната Комисија за запишување на ученици при Средното Општинско Училиште “Методи Митевски-Брицо”-Делчево, објавува

О  Г  Л  А  С

За запишување ученици во Прва година  за  учебната 2024/2025 година

  1. Во прва година во училиштето ќе се запишат 186 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

      Гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки,

60 поени минимум мак  136 уч.     4 пар.  

         Текстилно – кожарска струка – 25 ученици, 1 паралелка

 -техничар за изработка на     облека/ техничар за моделирање

 на облека *во соработка со компании

мак        25 уч.       1 пар.     4г.тр                     45 поени минимум

Хемиско – технолошка струка – 25 ученици, 1 паралелка

-прехранбен техничар *во   соработка со компании

 мак       25 уч.  1 пар      4 г.тр                     45 поени минимум

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во училиштето  во учебната 2024/2025 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.

Условите за запишување на учениците во прва година се:

 – да имаат завршено основно образование;

 – да не се постари од 17 години;

 – да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

 а) Гимназиско образованиесо утврден минимум поени – 60 поени со кои ќеможат учениците да конкурираат за запишување во гимназиското образованиево првиот уписен рок-Прво пријавување, со тоа што при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование и тоа:

– природно – математичко подрачје (комбинација А или Б),
– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А или Б) и
– јазично – уметничко подрачје (комбинација А или Б).

 б) стручно образование и обука(техничко образование со четиригодишно траење)

Текстилно -кожарска струка -25 ученици, 1 паралелка

-техничар за изработка на облека/ техничар за моделирање на облека, 45 поени минимум

Хемиско-технолошка струка–25 ученици,1паралелка

-прехранбен техничар,  45 поени минимум

 – да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурс и овој Оглас.

Критериуми за избор на учениците се:

 − среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

 − среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

 − средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.

Учениците од ромската етничказаедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.

Бесплатен превоз на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех  од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

 За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

 – За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.

– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој оглас.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);

 – оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски испитен рок со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

                Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот.

 –  Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.

–  Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште   ја објавува на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00   часот, на јавно место во      училиштето и/или на училишната интернет страница.

 –  Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024  година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на јавно место во   училиштето. 

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот. 

– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.

 – Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште   ја објавува на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во     училиштето и/или на училишната интернет страница. 

– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 5 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година, на јавно место во   училиштето.

 Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања. 

–  Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.

 – Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август од 07.00 часот до 17.00 часот.

– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште  ја објавува на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот.

 По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

V. НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Јавните средни училишта се должни интерните огласи да ги објават на јавно место во училиштето најдоцна до 19 април 2024 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс.

По првото пријавување, училиштата можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за упис во гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка, каде намалувањето на утврдениот број на минимум поени не е дозволено.

 Училиштата се должни со интерниот оглас за второто пријавување, да ги истакнат утврдените минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен  план и програма и да го објават до 28 јуни 2024 година.

 За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Директорот на средното училиште формира Училишна комисија за запишување на ученици, која ја сочинуваат 5 (пет) членови и тоа: директор на училиштето и 4 (четири) членови од редот на наставниците и стручните соработници во училиштето.

 Претседател на комисијата е директорот на училиштето, а комисијата може да има и заменик претседател и заменици членови.

Училишната комисија одговара за правилно и навремено спроведување на Конкурсот за запишување на ученици во средните училишта во уписните рокови, ја утврдува конечната ранг листа на примени ученици и решава по приговори од ученици по конечната ранг листа, во рок од 12 часа по истакнувањето на истата и   ги врши следните надлежности:

 – формира посебни комисии (комисија за прием на документи и комисија за рангирање во училиштата)

 – објавува интерен оглас согласно овој Конкурс за секое пријавување и го објавува на јавно место во   училиштето и/или на училишната интернет страница;

 – објавува конечни ранг листи на запишани ученици;

-доставува извештаи за пријавени и запишани ученици до Министерството за образование и наука и до општината, односно Градот Скопје; – ги враќа примените документи (освен пријавата) на учениците кои што не се запишани во училиштето по секое објавување на конечните ранг листи во рок од 24 часа;

– ги утврдува резултатите од организираното квалификациско тестирање; 

Комисијата за прием на документи ги врши следните  надлежности:

 – го организира приемот и врши прием на документи;

 – ја проверува комплетноста и исправноста на документите по ранг листите и одговара за примените  документи;

 – ги архивира примените документи и издава потврда за примените документи;

– дава потребни информации и насоки на учениците и родителите/старателите за запишување на учениците.

Комисијата за рангирање ги врши следните надлежности:

 – врши проверка на идентичност на податоците од доставените документи определени во Конкурсот со апликацијата и ја доставува конечната ранг  листа до Училишната комисија;

 – доставените приговори од учениците/ родителите/старателите ги доставува до Училишната комисија;

– ја известува Училишната комисија за потребата од квалификациско тестирање, доколку се пријават повеќе ученици од утврдениот број со овој   Конкурс, а притоа имаат ист број поени.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број на ученици од предвидените во овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификациско тестирање. Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот.

 За реализација на квалификациско тестирање во училиште во кое се пријавени поголем број на ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, Министерот со решение формира комисија во состав од 5 члена и тоа:

 -два претставника од Министерството за образование и наука,

 -два претставника од Бирото за развој на образованиетои

-еден претставник од училиштето во кое се спроведува квалификациско тестирање.

 Претседател на комисијата е претставник од министерството, а комисијата има заменик претседател    и заменици членови.

Квалификациското тестирање на учениците ќе се реализира во средното училиште, а врз основа на  испитна програма и тестови изготвени од Бирото за развој на образованието.

VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините.

Училишна Комисија за запишување

Претседател,

                                                                                                            Дијана Цонева