Средно општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево.
Просторни услови за работа на училиштето
Образовни профили
Во рамките на училиштето денес функционираат гимназиско и стручно образование.
Во гимназиското образование се застапени следните подрачја:
- ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
 - ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација Б,
 - ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
 - ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
 - ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација Б,
 
Во стручното образование се застапени следните струки:
- ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА СТРУКА – Образовен профил: КОНФЕКЦИСКИ ТЕХНИЧАР
 - ХЕМИСКО ТЕХНОЛОШКА СТРУКА – Образовен профил: ПРЕХРАНБЕН ТЕХНИЧАР
 
Мисија
Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо,, е воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално емотивно социјално морално зрели личности достојни за почит во општеството.
Главните цели на училиштето се учениците да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.
Визија
Современо Европско училиште со јасно поставени стратешки цели за квалитет во образованието преку вклучување на научно технолошки постигнувањa, информатичка технологија, креативни методи и техники за активна настава иучење, тимска работа, партнерски однос со родителите и локалната заедница, изградени капацитети за децентрализирано образование. Светилник кој го осветлува патот до успехот на генерациите што доаѓаат за да го пронајдат заслуженото место под сонцето.
Општи податоци за училиштето
| Име на училиштето | Средно општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ | 
| адреса, општина, место | бул.ММБрицо бр. 35 2320 Делчево | 
| телефон и фах | 033/ 411-864 | 
| е-маил | mm_brico@hotmail.com | 
| Основано од | Општина Делчево | 
| Верификација- број на актот | 09-2460/1 од 15.05 2004 година гимназиско образование
 
 11-2934/1 од 23.05.2006 текстилно- кожарска струка 11-2228/3 од 08.06.2011 хемиско – технолошка струка  | 
| Јазик на кој се изведува наставата | Македонски јазик | 
| Тип на градба | Цврста градба | 
| Училиштето работи во смена | Една смена | 
| Начин на загревање на училиштето | со нафта | 
| Број на вработени(наставен и ненаставен кадар) | 69 | 
Просторни услови за работа на училиштето
| Вкупен број на училишни згради | 1 | 
| Училишен двор | 1 | 
| Број на подрачни училишта | / | 
| Број на спортски терени | 2 | 
| Број на катови | приземје +2 ката | 
| Број на училници | 26 училници, 1 кабинет по информатика, 2 текстилни работилници,1 лабораторија, 2 помошни простории за природните науки, | 
| Број на помошни простории | 5 канцеларии, 1 библиотека, 1 помошна просторија – кујна, 1 просторија за технички персонал, 22 санитарни тоалети, 2 спортски сали (мала и голема), 1 подрумска просторија, 1 котларница, отворени спортски терени и игралишта. | 
Слики за просторните услови можете да најдете на следните линкови
КАБИНЕТИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ БИБЛИОТЕКА
Местоположба на училиштето


	
One Reply to “ЗА НАС”
Comments are closed.