„Античка приказна инспирирана од фотографија“.

Оваа година Филозофскиот факултет во Скопје прославува 105 години од своето постоење. По тој повод се одржа завршен настан на конкурсот за средношколци „Античка приказна инспирирана од фотографија“.
На натпреварот од СОУ„ Методи Митевски -Брицо “од Делчево учествуваа учениците : Јована Димитровска, Нела Јовановска, Анастасија Петровска, Моника Поповска, Марија Јанковска , Евгенија Стоичова, Анастасија Ѓеоргиевска, Ивана Сумрачка, Мелита Јовановска, Леонтина Вирчанска, Искра Георгиевска ,Милена Ангелова , Ања Димитровска, Лука Стоименовски , Теона Ефтимовска, Леонора Жежовска и Елена Алексовска а под менторство на професорката по латински јазик Билјана Ивановска.
Учениците постигнаа високи резултати а Јована Димитровска и Нела Јовановска влегоа во тесниот круг на 10 најдобри приказни и беа презентирани на Филозофскиот факултет во Скопје.

Текстовите на сите учесници се објавуваат на tagrammata.wordpress.com.

🇲🇰Многу се радуваме што младите со толку голема креативност и посветеност изразуваат интерес и проактивност за македонското културно наследство.