На одржаниот регионалниот натпревар по Латински јазик за учениците од Делчево и Македонска Каменица нашите ученици блеснаа со своето знаење, принципиелност и мотивираност, достоинствено претставувајќи го училиштето.
Со особена гордост ги издвојуваме учениците кои обезбедија пласман на републичкиот натпревар:
Милена Ангелова – I место
Леонтина Вирчанска – I место
Анастасија Петровска – I место
Нела Јовановска – I место
Јована Димитровска – II место
Ања Димитровска – II место
Елена Алексовска – III место
Марија Јанковска – III место
Матеј Вучевски – III место
Честитки за сите ученици за извонредниот успех, како и до нивниот ментор, проф. Билјана Ивановска за посветената работа!
Им посакуваме многу успех и нови победи на претстојниот републички натпревар!



