Од 14 до 18 април повторно бевме во Загреб – овој пат на Logic Lab 2026
Logic Lab е интернационален настан организиран од Хрватското дебатно друштво, кој секоја година обединува дебатери од различни држави преку работилници и мини турнир.
Како учесници-дебатери, дел од кампот беа нашите ученици од 4година, Даме Ивановски и Ива Анакиевска , кои имаа можност да стекнат свое прво интернационално искуство, да го надградат знаењето за дебата, критичко размислување и јавно говорење, и да се поврзат со дебатери од меѓународната сцена

