На 8 мај, нашето училиште ги отвори вратите за идните средношколци од двете основни училишта од нашиот град, преку реализација на Отворен ден, исполнет со презентации, дружење и интересни активности.
Посетителите имаа можност одблиску да се запознаат со условите за запишување, образовните струки и профили, како и со современите училници, кабинети и опрема со кои располага училиштето.
Посебно внимание привлече кабинетот по биологија и хемија, каде беа презентирани практични содржини и дел од активностите што учениците ги реализираат во наставата.
Преку креативни и практични изработки беа успешно претставени и текстилната и прехранбената струка, кои предизвикаа голем интерес кај посетителите.
Во истата пригода, пред деветооделенците нашите ученици изведоа неколку експерименти како дел од програмата за Генералка викенд.
-Екстракција на пектин од лушпа од јаболко
-Биопластика од кора од портокал
-Добивање на природни бои растворливи во вода
Повеќе инфо на следниов линк
https://www.facebook.com/reel/3467080283445285



















