Училишната ученичка заедница е највисока форма на организирање и дејствување на учениците во училиштето. Таа претставува значаен сегмент во организацијата на животот и работата во училиштето.
Ученичката заедница овозможува учениците да бидат активно вклучени во училишниот живот, да го искажат своето мислење и самостојно да ги решаваат проблемите поврзани со нивниот живот и работа во училиштето.
Нејзината работа ја помагаат раководителите на паралелката , одговорните наставници и педагошко-психолошката служба.
Задачи на ученичката заедница се да придонесат за:
• поголемо ангажирање на учениците во училишниот живот;
• подобрување на нивниот успех, поведение и редовност во наставата;
• создавање подобра работна клима;
• развивање на другарството и моралното однесување;
• одржување на редот и дисциплината;
• организирање помош на ученици кои заостануваат во учењето;
• организирање на материјална помош на ученици;
• да стекнат увид во работата на возрасните и да научат да сносат одговорност за она што го работат.
За вршење на одделени задачи, раководството на заедницата по потреба ќе задолжува свои претставници, како на пр. претставник што ќе учествува во работата на Советот на паралелката, Наставничкиот совет, за соработка со Советот на родителите, младите од локалната средина и сл.
Активностите на училишната заедница можат да се следат и на фејсбук:
Претставници и раководство на Ученички совет 2025/2026
ЗАПИСНИК ОД СОСТАНОК НА УЧЕНИЧКИ СОВЕТ ВО СОУ ,,МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО” – ДЕЛЧЕВО
Записник Бр. 1
Датум: 22.09.2025 година
Место: СОУ „Методи Митевски-Брицо“ – Делчево
ПРИСУТНИ ЧЛЕНОВИ
- Ана Мавродиева – претседател на ченичкиот совет
- Ива Цонева- секретар на ученичкиот совет
- Исидора Јовановска – член
- Бисера Дончевска – член
- Тамара Тошевска – член
- Софија Величковска
- Леа Миленска
- Јована Џаџовска
- Христијан Миленски
- Марко Тодоровски
- Павел Салтировски
- Јована Петровска
- Анастасија Ѓеорѓиевска
- Николиа Толевска
- Моника Поповска
- Искра Георгиевска
Состанокот го води: Претседателот на ученичкиот совет
Записникот го составува: Секретарот на ученичкиот совет
ДНЕВЕН РЕД НА СОСТАНОКОТ
- Усвојување на дневниот ред на состанокот
- Разгледување на состојбата со техничката опрема во училиштето
- Утврдување на недостатоци во одредени училници
- Донесување заклучоци
- Разно
ТЕК НА СОСТАНОКОТ
По точка 1:
Дневниот ред на состанокот беше усвоен едногласно.
По точка 2:
Се разговараше за општата состојба со техничката опрема која се користи во наставниот процес, при што беше констатирано дека постојат одредени потешкотии при користењето на ИКТ средствата.
По точка 3:
По дискусија, Ученичкиот совет утврди дека во дел од училниците недостасува основна техничка опрема, и тоа:
- HDMI кабли за поврзување на компјутерите со проекторите
- Компјутерски глувчиња за користење на компјутерите
По точка 4:
Ученичкиот совет заклучи дека е потребно да се евидентира состојбата со недостигот на техничка опрема и истата да се разгледа на нареден состанок.
По точка 5 – Разно:
Не беа изнесени дополнителни предлози и прашања.
ЗАКЛУЧОЦИ
- Констатиран е недостиг на техничка опрема во одредени училници
- Недостатокот на HDMI кабли и компјутерски глувчиња влијае врз текот на наставата
- Потребна е понатамошна евиденција и разгледување на состојбата
Претседател на Ученички совет: ____________________
Записничар: ____________________


