Совет на родители


Организираната воспитно-образовна работа на учениците и на наставниците не би била целосна и успешна доколку не постои соработка на релацијата наставнициродители. Во рамките на оваа соработка, мошне успешно работи и Советот на родителите, кој најнепосредно и редовно се информира за сè што се случува во училиштето. Мислењето и ставовите на претставниците во Советот на родителите, како и нивните забелешки и сугестии, овозможуваат да се создадат подобри услови за живот и работа во училиштето.

 


С  П  И  С  О  К

На преставници во Советот на родители на училиштето учеб.2025/2026 год.

 

                         Од I година

  1. Наташа Димитровска
  2. Анета Џоревска Костадиновска

                       Од II година

       1. Билјана Дончевска

       2. Зоран Калаџиски -заменик претседател

                     Од  III година

      1. Благица Илиевска -Претседател

      2. Даниела Николовска

                   Од  IV година

  1. Жаклина Стоименовска
  2. Магдалена Жежовска

На одржаните седници во текот на учебната година, се разгледуваат тековни работи потребни за функционирањето на училиштето, и тоа:

  • Годишниот извештај за работењето на училиштето во претходна учебна година;
  • Годишна програма за работата на Училиштето за тековна учебна година;
  • Се бираат нови членови во Советот на родителите од I година;
  • Се избира  претседател на Советот на родителите;
  • Се разгледуваат и одобруваат програмите за реализација на екскурзии за учениците;
  • Се разгледува и анализира успехот на учениците во текот на класификационите периоди во учебната година и  се прави споредбена анализа со минатите учебни години (прво тримесечје, полугодие, трето тримесечје и крај на учебна година);
  • Се даваат предлог-мерки за надминување на констатирани слабости во успехот и редовноста на учениците;
  • Се даваат информации и  одобрувања за хуманитарни активности во училиштето.
  • Се даваат информации за активности на училиштето за полагање државна матура.

Советот на родителите е вклучен и во работата на повеќето комисии во училиштето. Работата на Советот на родителите ја организира Педагогот на училиштето во соработка со Директорот на училиштето.


СОУ „ММ-Брицо„-Делчево

Д  Е  Л  Ч  Е  В  О