Планината – најдрагото училиште на децата!

Планинарството за човекот во денешно време е најздрава физичка активност која се одвива во природа. Терминот  планинарство е само поширок поим за бројни активности и спортски активности и спортски дисциплини кои потпаѓаат под планинарство, а тоа се :  разни излети и посети на лесно пристапни планини, високогорство, спелеологија, горски служби за спасување,водечка служба(водачи), спортска ориентација, скијање, планинарски трансверзали  алпинизам и спортско качување.

На сите овие активности заедничо им е планината. Со која од овие активности ќе се бави некој зависи од неговите околности, физичките способности, материјални можности и од местото на живеење. Планинарството претставува релаксација од психичките напори што човекот ги доживува на работното место и градските бучави  предизвикани со брзото темпо на животот. Да се бави со планинарење, значи да се запознаат убавините на татковината, да се збогатуваат чувствата. Тоа бара од човекот и одредени напори, кои не претставуваат опасност за организмот ако се во разумни граници.

Тоа бара од човекот и одредени напори, кои не претставуваат опасност за организмот ако се во разумни граници. Планинарењето е мелем на душата. Релаксира и ослободува од стрес , пред се пешањето и качувањето по планините го зајакнуваат организмот и телото. Делува позитивнона емоциите, ја подигнува самодовербата, делува на социјалната сфера на животот, овозможува нови познанства и искуства.

Денес,пред 43 најзаинтересирани средношколци од СОУ Методи Митевски Брицо Делчево, како лиценциран планинарски водич при ФПМС и претседател на ПСК ГОЛАК Делчево – Љупчо Чучуковски, реализираше презентација од областа на планинарство. Презентацијата се состоеше од три дела :
1.Што е планинарство како и сето она кое е потребно за планинарство.
2.Гледање на два видео клипа од планинарството.
3.Формирање на младинска секција при ПСК ГОЛАК Делчево.
Средношколците беа навистина заинтересирани и се надевам дека во наредниот период ќе почнеме да организираме младинско-планинарски акции нормално проследени со добри резултати.

Современите времиња во кои живееме, нè опколија во целосно монотон живот, кој се состои од зјапање во мали екрани, останување дома или поминување време во трговските центри. Се појавуват различни педагошки методи за да ги советуваат родителите за тоа како подобро да ги учат децата и да го поминат целото време, а нашиот совет за вас е многу едноставен – однесете ги на планина!

Посетете го youtube каналот на ПСК Голак Делчево за да може да се информирате за сите нивни активности.

https://www.youtube.com/channel/UCq0OVPQuIBIAobbpbLTUlWQ/feed