Викендот во Битола се одржа завршниот настан во рамки на конкурсот за „Нато едукативни проекти“ кадешто учество зема и тимот при СОУ Методи Митевски Брицо составен од учениците: Магдалена Ивановска, Бојана Симовска, Тамара Тричковска и Гоце Аџиски под менторство на проф. Билјана Ивановска. Проектот на тимот од СОУ ,,М.М.Брицо, при селекција на најдобрите, беше избран меѓу 20 најдобри проекти кои влегоа во финале, со тоа што нашите претставници ја добија наградата за ,,Најкреативен проект” на тема ,,Ајде да научиме повеќе за НАТО”. Освен оваа награда, како дел од конкурсот на тема ,,Нато едукативни проекти”, ученичката Магдалена Ивановска го освои првото место за најдобар есеј. На нашите ученици им честитаме за постигнатиот успех и во иднина им посакуваме и уште многу награди и признанија а воедно честитки и за менторката Билјана Ивановска и голема благодарност за професионалната ангажираност. Секогаш меѓу најдобрите!!!