Н а 21.09.2018 година во Делчево се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи изложени на продажните штандови. Во манифестацијата учество зедоа и учениците од СОУ „М.М. Брицо“ кои подготвија ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“ и штанд на кој се презентираа производи од слива изработени од прехрамбената струка во училиштето.
Манифестацијата беше збогатена со настап на децата од детската градинка „Весели цветови“, играорците од ФГ „Никола Јонков Вапцаров“, од КУД „Вера Јоциќ“ од М. Каменица, од КУД „Гоце Делчев“, како и настап на пејачката група „Ѓурѓа“.
Like!! Really appreciate you sharing this blog post.Really thank you! Keep writing.