Голем успех за ракометниот тим на нашето училиште!

ГОРДОСТ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!

Голем успех за ракометниот тим на нашето училиште!Нашите ракометарки на 01.04.2026 остварија убедлива победа над екипата на СОУ „Јане Сандански“ во Куманово со резултат 18:11 и заслужено обезбедија пласман на државното првенство!

Со борбеност, тимски дух, дисциплина и голема желба за успех, девојките покажаа дека трудот секогаш носи резултати.Оваа победа е уште една потврда дека нашето училиште има ученици кои достојно нè претставуваат и на спортски план.

Честитки за нашите ракометарки и нивниот ментор, проф. Ванчо Велковски, за одличниот успех и посветената работа!

Им посакуваме многу среќа и уште поголеми успеси и на државното натпреварување!

Браво девојки – горди сме на вас!