Ликовен конкурс на фотографии

По повод Патрон празникот на училиштето и јубилејни 60 години од работењето ги покануваме нашите средношколци да учествуваат на ликовен конкурс на фотографии тема – 60 години  СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево.

Фотографиите може да датираат од различни генерациски периоди, од отварањето на училиштето па до денес. Мотивите на фотографиите можат да бидат од училишниот објект, разни настани и интересни ситуации кои оставиле траг во сеќавањето на генерациите кои завршиле, секојдневни интересни случки од времето поминато во училиштето, натпревари и слично.

На натпреварот може да учествуваат сите ученици од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево со неограничен број на фотографии.

Ученикот треба да ги достави фотографиите со цело име и презиме во електронска форма најдоцна до 12 април 2021 година на следниот е-маил: mm_brico@hotmail.com

Најдобрите фотографии ќе бидат наградени, а сите учесници ќе добијат сертификати од страна на училиштето.

За подетални информации во врска со конкурсот може да го контактирате проф. Борче Христовски на следниот е-маил : borcehristovskidelcevo@yahoo.com или пишете ни на нашата ФБ страна https://www.facebook.com/mmbricodelcevo

Ги очекуваме вашите креативни фотографии!