Математичарите од нашето училиште нижат успеси на натпреварите по математика

На ден 13.03.2021 година, сабота се одржа 44-от регионален натпревар по математика за учениците од средно образование во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Регионалниот натпревар по математика 2021 се реализираше со посредство на Microsoft Teams, во соработка со делегатите кои се грижеа за регуларноста на целиот натпревар. Нашето училиште учествуваше со 9 натпреварувачи од прва, втора и трета година гимназиско образование. Ученичките Андреа Толевска и Дариа Спасевска од I година под менторство на проф. Соња Трајковска освоија III награда, а ученичката Ана Телетанска под менторство на проф. Лилјана Дамјанова од II година освои II награда со што се пласираа на државниот натпревар по математика.

Победници на ПИ-ДЕН 2021

За сите љубители на математиката заврши и второто заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката, 14 март 2021 година. Ученикот Дамјан Маневски од I година освои III место, а ученичката Ана Телетанска од II година освои II место.

Честитки за освоените награди и големи успеси на државниот натпревар.

Математиката не познава ниту расни ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава…– Давид Хилберт