Регионален натпревар по математика

На ден 08.02.2020 година, сабота се одржа 43-от регионален натпревар по математика за учениците од средно образование во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Домаќин на натпреварот беше СОУ “Ванчо Прќе” – Виница. Нашето училиште учествуваше со 12 натпреварувачи од прва, втора и трета година гимназиско образование. Ученичките Ана Телетанска од I година, Матеа Златковска од II година и Милена Начевска од III година освоија трета награда, a ученичките Бојана Трајковска и Фросина Мулачка од III година добија пофалници за успешно учество со што се пласираа на државниот натпревар по математика.

Честитки за освоените награди и големи успеси на државниот натпревар.