Успешно финале на XXV издание на Годишниот семинар на тема „Европска, дигитална и одржлива иднина во рацете на младите“

Годишниот семинар на фондацијата Бугарско сеќавање се одржува веќе 13-та година по ред на иницијатива и со финансирање на д-р Милен Врабевски.

На форумот присуствуваа 200 млади луѓе од Молдавија, Украина, Албанија, Србија, Република Северна Македонија, како и од регионот на Западен Родопас и Тервел.

Форумот се спроведува во партнерство со Општина Варна, Претставништвото на  Европската комисија во Бугарија и Фондацијата Hanns Seidel. Група од 6 ученици од СОУ “Методи Митевски – Брицо” од Делчево, заедно со учениците од СОУ “Ацо Русковски” од Берово и оваа година учествуваше на семинарот.

Оваа година семинарот се одржа под мотото „Европска, дигитална и одржлива иднина во рацете на младите“. Во рок од 5 дена, младите се сретнаа со инспиративни личности и врвни професионалци од различни социјални и деловни области, кои преку личен пример, знаење и искуство ги мотивираа да не запираат да се развиваат, да работат за нивниот успех и за успехот на општеството каде живеат.

Младите создадоа нови пријателства и имаа можност да се дружат, да се запознаат, да градат мостови, а не бариери меѓу себе.

Фондацијата организираше натпревар за правење на кратко видео на темата „Нашата европска иднина“. На натпреварот учествуваа рекорден број на ученици. Фондацијата ги награди трите најдобри видеа со награди за тимовите што ги направија.

Ученичката Фросина Мулачка од нашето училиште беше во тимот кој ја освои третата награда.

Пораките што ги испратија преку нивните филмови беа искрени и јасни. Младите од Молдавија, Украина, Албанија, Србија, Република Северна Македонија и Бугарија цврсто изјавија дека сакаат да живеат заедно во мир и разбирање, со почит и разбирање едни за други, со грижа за природата и со мисла за иднината на Европа .