Медиумска писменост – знаење, вештини и критичко размислување!

Денес во нашето училиште се одржа онлајн обука за учениците од Мултимедијалниот клуб, во рамките на проектот за медиумска писменост.Предавач беше универзитетскиот професор Сеад Џигал, кој преку интерактивен и креативен пристап им пренесе на учениците значајни знаења и вештини од областа на медиумската писменост, обработувајќи теми и содржини блиски до интересите и потребите на младата популација.Во продолжение на оваа активност, во наредниот период учениците, заедно со нивниот ментор, проф. Билјана Ивановска, ќе се подготвуваат и ќе учествуваат во натпреварувачката игра „Спинокио“, преку која ќе ги надградуваат своите знаења, ќе развиваат критичко размислување и ќе стекнуваат вештини за препознавање на дезинформации и манипулативни медиумски содржини.👏 Сите активности се реализираат со поддршка на организацијата „Види Вака“, на која ѝ упатуваме голема благодарност за укажаната можност, поддршката и придонесот во унапредувањето на медиумската писменост кај младите.🤝 Се надеваме на успешна и плодна соработка и во иднина, со уште многу заеднички активности, нови знаења и позитивни искуства за нашите ученици!