Тимот на оратори од СОУ„М.М-Брицо“-Делчево,под менторство на проф.Желеанка Демирова,и оваа година успешно учествуваше на меѓународниот натпревар по оригинално ораторство ,во организација на BEST Foundation и AUBG.
Како минатогодишни победници , и оваа година учениците напорно работеа за своите настапи и одлично ги изведуваа своите говори до полуфинална фаза.
Секоја чест и пофалба за нашите ученици Андреа Толевска и Магдалена Георгиевска од втора година, Даниел Костадиновски ,Андреј Пановски и Елена Ангеловска од трета година.
За своето учество ,овие ученици ке добијат сертификати од меѓународните институции-организатори.
Горди сме на вашиот успех!