Online натпревар по математика

Дизајниран да биде инклузивен и забавен, овој натпревар може да се користи како активност во училницата за ученици во средно образование.

Натпреварот е организиран од страна на McMaster University во Онтарио, Канада.Тој се одржува секоја година на 27 ноември и за интернационалните тимови нема натпреварувачки карактер, меѓутоа самото учество во него е многу позитивно искуство за нашите ученици.

Овој натпревар е веб-базиран и учеството во него е флексибилно, во смисла дека тестот кој содржи 10 проблеми може да се решава во било кое време од денот или како активност во училиштето во текот на 1 час. Оваа година нашето училиште учествуваше со 3 тима од по 2 ученика од трета година.