Делегација на СОУ “Методи Митевски – Брицо” положи цвеќе по повод Денот на македонската револуционерна борба

Денеска   со почеток во 10.00 часот, со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на патронот на Делчево и идеологот на македонската револуционерна борба од илинденскиот период, Гоце Делчев, беше одбележан 23.Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Претставници на нашата гимназија предводени од директорот Љупчо Прачкоски заедно положија свежо цвеќе и се поклонија пред ликот на Гоце Делчев оддавајки им почит на сите припадници на МРО и она што тие го направиле за македонскиот народ и држава, во минатото.

Во рамки на свечената програма беше прочитан пригоден реферат, по што следуваше богата културно-уметничка програма, приредена од страна на членовите на КУД “Гоце Делчев“ од Делчево.