И оваа година традиционално беа избрани најдобрите 10 матуранти за кои Локалната самоуправа и Градоначалникот на Општина Делчево обезбедија четиринаесет дневно патување низ Европа како награда за вложениот труд постигнатите резултати и успеси.
Целта на оваа награда е да им се оддаде јавно признание на најдобрите, и мотивација за идните ученици од нашетоучилиште.
Комисијата составена од директорот на СОУ „М.М.Брицо“, училишниот педагог и класните раководители за најдобри матуранти согласно Правилникот за истакнување пофалување и наградување на учениците ги прогласи следните ученици: Иван Даневски, Марија Николовска, Бојана Захариева, Никола Џабирски, Даниел Цоневски, Ивана Стојчевска, Билјана Стојановска, Викторија Димовска, Кристина Ангеловска и Ана Тасевска.
Епитетот првенец на генерацијата му припадна на ученикот Иван Даневски.
Like!! I blog frequently and I really thank you for your content. The article has truly peaked my interest.