Образовно рандеву 2018

Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија-МАССУМ, и оваа година беше организатор  на најголемата средношколска манифестација  – „Образовно рандеву 2018“.  Целите на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење. Тоа се постигнува преку развивање на способности /вештини за: комуникација, тимска работа, решавање на проблеми, организирање на активности, компетентно и напредно лидерство, градење самодоверба, постигање на успеси во натпревари, настапи, промоции.

На овогодинешното „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ кое се оддржа  на 21-22 април на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашите ученици зедоа учество во 5 категории:

  1. Модна ревија
  2. Маркетинг план
  3. Интрвју за работа
  4. Најдобра веб страна
  5. Најдобар штанд

 

Во  категоријата Најдобра веб страна учениците: Галабовски Христијан и Стојанов Кирил под менторство на професорот по информатика Јовевска Мара го освоија првото место.

 

 

 

 

 

 

 

Во категоријата Најдобар штанд тимот на ученици од прехрамбената струка, под менторство на професорот Атанасовска Јадранка го освоија второто место.

 

 

 

 

Исто така солидни успеси постигнаа и останатите категории.

 

 

Галерија со слики од  образовното рандеву 2018 може да видите тука.

Leave a Reply