Во склоп на работните задачи, деновите се одржа работилница од страна на училишниот социолог – Илиевска Наташа на тема „ Дебата – оспособување на учениците за дебатирање“. Работилницата беше реализирана во 3 работни денови со вкупно 6 часа. Учество зедоа 13 ученици. Првиот ден се реализираше обуката за дебатирање, вториот ден учениците се подготвуваат за дебата а третиот ден дебатираа на теми по нивен избор. Работилницата имаше и натпреварувачки карактер па победничкиот тим доби скромни награди. Во иднина се планираат и други слични работилници во кои ќе бидат вклучени повеќе ученици.